Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, вчера и завчера, учествуваше на семинарот „Финансиски истраги и меѓународна соработка“, во Будва, Црна Гора.
На семинарот, кој се одржа под покровителство на Амбасадата на САД во Подгорица, се дискутирало за новата регулатива во областа на финансиските истраги, идентификацијата на сомнителните трансакции и соработката со финасиските институции, меѓуинституционалната соработка, меѓународните и регионални искуства во финансиските истраги и искуствата на Црна Гора во финансиските истраги.
На семинарот, како што е објавено на Фејсбук страницата на Специјалното јавно обвинитество, учествувале и јавните обвинители Љубомир Лапе, Марија Горгева и Бурим Рустеми и истражителот Атанас Гинев.