Јанева на комеморација во чест на жртвите на мафијата во Палермо

Од:

Во организација на Фондацијата Франческа Фалконе, денес во чест на жртвите на Џовани Фалконе, Франческа Морвиљо, Паоло Борселино и сите полициски службеници и жртви на мафијата се одржува комеморација во Палермо, известува Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Во фокусот на комеморацијата е борбата против организираниот криминал и истата има за цел да собере реномирани италијански и странски академици и експерти, вклучително и највисоки државни функционери.

На покана на Фондацијата Франческа Фалконе, на комеморацијата присуствува Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, придружувана со двајца јавни обвинители од ова Јавно обвинителство, главниот истражител и нејзиниот шеф на кабинет.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов