(ВИДЕО) Јанева: Интересот на ВМРО-ДПМНЕ не е поважен од тој на граѓаните

Од:

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева пред образлагањето на шестмесечниот извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство пред собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците кажа дека не се плаши од одговори, затоа што ја има поддршкатана екс премиерот Никола Груевски.

-Чест ми е што прв пат образложувам извештај. Не се плашам од одговори, најмногу затоа што ја имам поддршката од екс премиерот Никола Груевски. Интересот на ВМРО-ДПМНЕ не е поважен од тој на граѓаните, рече Јанева на седницата која се уште е во тек.

Во извештајот на СЈО меѓу стои дека се реализирани 28,75 отсто од буџетот на ова Јавно обвинителство за 2016 година, а особено, како што се наведува, за истакнување се отворените четири истраги против 40 лица и поднесените две обвинителни предлози против вкупно 21 лице, како и преземените бројни дејствија.
Во извештајниот период интензивно се работи на преслушување и обработка на доставените материјали и заклучно со 15 септември во процес на обработка се 55.250 аудио фајлови односно 12 отсто од вкупно доставените аудио фајлови. Утврдената динамика на преслушување и обработка на материјалите ќе продолжи и во претстојниот период, информира СЈО во извештајот.

Поднесени се вкупно 901 барање согласно член 287 од Законот за кривична постапка, 36 наредби по член 284 од Законот за кривична постапка, изготвени се вкупно 324 записници за сослушување лица, од кои 264 за сослушани сведоци и 60 за осомничени лица, два предлога за одземање на предмети, 27 барања за заштита на законитоста и поднесени се шест замолници за меѓународна правна помош.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов