Јанева бара од Груевски и од пратениците по итна постапка да се донесе предложениот закон

Од:

Специјалното јавно обвинителство бара од Владата и од сите пратеници во Собранието по итна постапка да се донесе Законот за јавнообвинителската служба на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите. Од обвинителството на Катица Јанева доставиле ваква иницијатива до Владата и до Собранието затоа што до сега не добиле никакво одговор од надлежните институции во врска со предлог законот.

Имајќи ја предвид важноста која ова Јавно обвинителство ја има за Република Македонија, велат од таму, како и неопходноста од негово непречено функционирање, очекуваме позитивен одговор на нашата иницијатива и носење на Законот во итна постапка.

„Целокупното уредување на прашањата поврзани со вработените е неопходно заради овозможување на отпочнување со работа на Јавното обвинителство како и обезбедување негова целосна функционалност од аспект на превземање на дејствијата во рамки на утврдените надлежности и во законски пропишаните рокови, поради што потребно е овој закон да се донесе по итна постапка. Имајќи предвид дека во рамките на Вашите законски надлежности стои и надлежноста за предлагање на ваков закон, водејќи се од уверувањето дека потребата од носење на овој закон е повеќе од очигледна, како и дека сте свесни за одговорноста и важноста на непреченото функционирање на ова Јавно обвинителство за Република Македонија, Ви се доставува оваа иницијатива, во прилог на која е и предлогот на текстот на законот“, стои во соопштението на ова Јавно обвинителство испратено до Владата, Собранието и до медиумите.

Во иницијативата се образложени спричините поради кои е неопходно донесувањето на Законот како и текст на предлог законот. Со законот ќе бидат уредени правата, должностите, одговорностите, платата и додатоците на плата на лицата вработени во јавнообвинителската служба на ова обвинителство.

Со предложениот текст на Предлог-законот системски се регулираат прашањата кои се однесуваат на вработените во ова Јавно обвинителство, а законот нема да има непредвидени финансиски импликации, бидејќи платите и додатоците за реализација на вработувањата се веќе инкорпорирани во финасискиот план на Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Катица Јанева против Боки 13, денеска во Кривичен

Ана Ололовска

Јанева: Наредната седмица нови обвинителни акти на СЈО

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Катица Јанева е избрана за Специјален јавен обвинител да работи непристрасно и професионално

Наум Локоски

Јанева: Ги охрабруваме граѓаните да соработуваат со нас

Наум Локоски

СЈО откри 66 909 избиршани фајлови, Заев бил незаконски прислушуван

Предраг Петровиќ

Одложена седницата на која требаше да се разговара за однесувањето на Јанева и Фетаи

А1он