Јанчева: ВМРО-ДПМНЕ и Славески бегаат од седница за финансиската состојба во Скопје

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на Советот од редовите на оваа партија, Трајко Славевски бегаат од закажување на вонредна седница на Советот на која треба да се расправа за катастрофалната финансиска состојба во Град Скопје рече на прес конференција Љубица Јанчева, координаторката на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.

– Го потсетуваме Славевски дека сите услови за одржување на вонредна седница се исполнети и таа треба да се одржи што побрзо. Финансиската состојба во Градот е алармантна, буџетската сметка е блокирана, а на Скопје за првпат во историјата му се заканува банкрот. Заради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска денес Скопје е нефункционален град со нефункционални и задолжени јавни претпријатија и установи. Јавниот превоз е во целосен колапс, ЈСП тоне во долгови, а протестите што ги гледавме пред неколку месеци можат многу брзо да се повторат. Стотици милиони евра народни пари се потрошија за една и пол година а не е реализиран ниту еден капитален проект од програмата. Единствени виновници за ваквата катастрофална состојба се ВМРО-ДПМНЕ која го има мнозинството во советот и градоначалничката Арсовска. Тие заедно го изгласаа Буџетот за 2023 заеднички ја правеа програмата за четиригодишниот мандат вели Јанчева.

Би можело да ве интересира

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

ЦГК: По две поништени постапки, „Икарус“ и „Зонгтонг“ од конкуренти станаа партнери за набавката на електрични автобуси

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Левица: Орце Ѓорѓиевски и ДПМНЕ го претвораат Советот на Град Скопје во режирана претстава без можност за дебата