Јанчева: СДСМ против враќање на спомениците од режимот

Од:

Локалната власт на ДПМНЕ и Данела Арсовска на Скопје му приредува уште една, нова, рециклирана катастрофа.За две години ДПМНЕ и Арсовска во Скопје немаат реализирано ниту еден проект, немаат ниту едно исполнето ветување. Затоа се фатија за враќање на споменикот на Ќосето, рециклажа на проектот Скопје 2014 и продолжување на матрицата на Никола Груевски и режимската ДПМНЕ вели координаторката на советничката група на Град Скопје на СДСМ Љубица Јанчева.

– Андон Јанев- Ќосето е историска маргинална, контраверзна личност. Споменикот на Андон Јанев беше бесправно поставен од страна на режимот и затоа беше отстранет. Советничката група на СДСМ ќе се спротивстави на предлогот за враќање на споменикот. Тој не треба да биде поставен каде било, а најмалку во Скопје. Неговото место, може да е само во соодветно поглавје од македонската историја, поткрепено со историски извори. На Скопје не му треба ново споменично лудило туку реализација на проекти и подобрување на животот на скопјани, рече Јанчева.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски