Јанчева: Хаосот во Скопје го создадоа Мицкоски и Арсовска, треба работа, а не жалење

Од:

Хаосот во Град Скопје е последица од неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Данела Арсовска. Арсовска беше кандидатка на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, тие бараа поддршка за неа, Арсовска во белиот дворец ја славеше победата, каде ја пречека врвот на ВМРО-ДПМНЕ рече Љубица Јанчева, координаторката на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје.

– На тие избори СДСМ загуби во Скопје, а на официјалниот веб сајт на ВМРО-ДПМНЕ уредно е објавено дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата преку поддршка на Данела Арсовска убедливо победиле во Скопје и во други 42 општини. Бадијала Мицкоски се обидуваше да се оттргне од Арсовска, бадијала изразува жалење за неговите проценки. Ништо не го пере Мицкоски од одговорноста за хаосот што се случува во главниот град. И градоначалничката и претседателот и мнозинството во Советот и мнозинството во надзорните и управни одбори во јавните градски претпријатија, сите се поврзани со него и со ВМРО-ДПМНЕ вели Јанчева.

Би можело да ве интересира

Случаите на Западнонилска треска повторно ги актуелизираа предупредувањата за средството за прскањето против комарци

Предраг Петровиќ

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он

Отстранет e билбордот „Добредојдовте во Скопје“

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

Ѓорѓиевски и Град Скопје велат дека снегот не ги изненадил

Катерина Ѓуровски

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски