Јанчева: Додека скопјани се гушат, ДПМНЕ ги намали парите за чист воздух во Буџетот на Скопје за 10 пати

Од:

Додека скопјани се гушат, ниту централната ниту локалната власт на ДПМНЕ не преземаат ништо за намалување на загадувањето. Напротив, дури и парите во буџетот на Град Скопје за заштита на животната средина, се драстично намалени. Оваа година, буџетот на Скопје е толку намален, најнизок во историјата и изнесува 25 милиони денари. И е околу десет пати помал во споредба со други години, вели советничката во Град Скопје од СДСМ Љубица Јанчева.

– Веќе четири години нема предвидено субвенции за Комунална хигиена за набавка на нови возила, нови контејнери и нови канти за ѓубре. Хигиената во градот е катастрофална. Нема ниту дополнителни субвенции на ЈСП за во деновите кога е воздухот е енормно загаден, да не се користат возилата туку јавниот превоз. Арсовска и Мицкоски ветуваа дека Вардариште ќе го направат зелена зона и тоа не го исполнија. Ветија по 10.000 нови дрвја во секоја општина годишно, ветија, но не исполнија. Мицкоски и Арсовска ветуваа и гасификација на сите домаќинства, целосна гасификацијата на сите средни училишта во градот, како и сите институции и установи под надлежност на Град Скопје. Ништо од ова не е реализирано. Се е голема лага. Не е реализирана ниту набавката на 250 нови, еко автобуси, како ни проектот БРТ, зелен проект за кој средствата се обезбедени, рече Јанчева.

Би можело да ве интересира

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ