Јанакиески реагираше по неколку слушнати „бомби“ и побара да се потврди нивната автентичност

Од:

Разговори меѓу поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески, поранешната министерка Гордана Јанкулоска и Мартин Протуѓер, шеф на Кабинетот на поранешниот премиер се слушаат во судницата во Кривичниот суд во Скопје.

На аудио снимките се слуша како тие разговараат за гласачите од дијаспората и колку се официјално пријавени во ДИК, како и за потенцијалните кандидати на изборите кои би можеле и би имале најдобри шанси да бидат на листата во изборните единции.

По неколку слушнати разговори, Јанакиески реагираше до судот дека, како што рече, фали разговор меѓу него и Илија Димовски.

– Од наводните снимки кои СЈО вели дека се разговори меѓу мене и Протуѓер, кажувам дека ќе се слушнам со Илија Димовски. Следниот пуштен разговор е 10 минути подоцна со Протуѓер каде јас го раскажувам разговорот со Илија. Ова е доказ дека не се сите разговори доставени и дека треба да се потврди автентичноста, рече Јанакиески.

Адвокатот на одбраната Петар Василев побара обвинителот да каже на која основа се репродуцираат доказите, бидејќи, како што рече, од разговорите досега може да се чуе само за организациските способности на една партија за политичка кампања и ништо за кривичното дело.

Би можело да ве интересира

Елек за спасување од „Титаник“ продаден за 906.000 долари

А1он

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Кејт Винслет за темната страна на славата по успехот на „Титаник“: Се плашев да заспијам!

А1он

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“