Јанакиески помилуван 16 пати од Иванов, а Јанкулоска – 11 пати

Од:

Ѓорге Иванов веднаш почна да ја спроведува својата одлука за аболиција за сите политичари и за прекин на сите истраги и процеси против политичари.

Некои функционери се амнестирани и по повеќе пати, за некои е нејасно како се најдоа на списокот објавен во „Службен весник“, а некои не се нашле на листата на Иванов.

На списокот на помилувани го нема лидерот на ОМ, Љубе Бошкоски, за случајот „Ровер”, кој е преземен од СЈО како и осудените во случајот „Шпиун”, Ване Цветанов, Горан Стојков, Марјан Ефремов .

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески е помилуван 16 пати, а поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска има 11 помилувања. Тие важат за луѓе од доверба на Груевски.

Никола Груевски од Иванов е помилуван 5 пати за 5 различни дела, Сашо Мијалков 6 пати. Меѓу помилуваните е и Бранко Црвенковски.

Еве за кои личности Иванов потпиша помилување:

1. Миле Јанакиески, помилуван 16 пати
2. Гордана Јанкулоска -11 пати
3. Сашо Мијалков-6 пати
4. Никола Груевски-5 пати
4. Мартин Протогер-5 пати
6. Кирил Божиновски-4 пати
7. Горан Грујевски-3 пати
8. Ирена Мишева -2 пати
9. Љупчо Тодоровски-2 пати
10. Зоран Заев-2 пати
11. Зоран Верушевски-2 пати.
12.Трајко Вељановски
13. Хаик Хакијни
14. Жарко Луковски
15.Божидар Јанковски
16.Коста Крпач
17. Владислав Стајковиќ
18. Христијан Панев

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира Законот за амнестија

Александар Тодески

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе го напуштат собранието ако се стави европско знаменце на амнестијата

A1on

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски