Јанакиески од Антикорупциска бара да преиспита повреда на службена должност

Од:

Министерот за транспорт и врски Миле Јанкиески, денеска до Државната комисија за спречување на корупција достави, Барање за поведување на постапка за преиспитување на повреда на службена должност, во врска со наводниот случај кој го изнесе портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, а се однесува на закуп за куќа во Прилеп, наводно поврзана со Проектот за Рехабилитација и продолжување на канализационата мрежа во општина Прилеп, информираат од Министерството.

„Бидејќи господинот Шилегов нема храброст и доблест да ги достави документите до Државната комисија за спречување на корупција што ги изнесе на прес конеренција за наводен скандал, уторово министерот Јанакиески тоа го стори.

Во прилог до Комисијата, доставено е:

– Анкетен лист за пријава сопственост на семејната куќа во Прилеп
– Копија од договор за закуп
– Допис до Управа за јавни приходи за склучен договор за закуп

Во случајов се работи за класичен облигационен договор за закуп помеѓу закуподавач и закупец во кој освен Законот за облигациони односи, испочитувани се сите законски одредби кои се однесуваат на спречување на корупцијата, законските одредби за персоналниот данок од доход.

По кој знае кој пат го повикуваме Шилегов доколку има докази на наводен скандал да ги поднесе документите до Државната комисија за спречување на корупција, во спротивно да не манипулира и да ја лаже македонската јавност.

Наместо тоа да одговори матните зделки што ги правел тој лично и неговите шефови од СДСМ“, се вели во соопштението на Министерството за транспорт и врски.

Би можело да ве интересира

Од 178 повредени, 101 пациент се третираат во странските медицински центри

ВИДЕО: Во празна судница, Игор Јанушев осуден на двегодишна условна казна за кинеските автобуси

Александар Тодески

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

ВИДЕО: Петти месец хаос на Плетвар, асфалтирањето треба да заврши за две недели

Маја Илиевска-Пачемска

Казнета фирмата „Ројал Травел“ која без лиценца и без дозвола превезувала патници

Катерина Ѓуровски