Јакуповиќ: Иванов да ја смени кукавичката одлуката за мандатот

Од:

„Апелирам на смиреност и промислено однесување кај граѓаните, во никој случај да не наседнуваат на намерните провокации за креирање хаос кој во овој момент му одговара само на режимот.

Со кукавичката одлуката да не му го додели мандатот за составување Влада на предводникот на опозицискиот фронт, актерот во улога на претседател Ѓорге Иванов, безобразно го погази Уставот на РМ и дадената заклетва и ја погази волјата на над 600.000 (шестотини илјади) граѓани кои на 11. декември 2016. год. Достоинствено и одлучно на нај демократски начин со пенкало во рака срушија режим!

Тажно е што државата е заложник на едно” опсано сценарио, во кое главната улога ја играт неколкумина нестабилни актери кои се непресметливи и незаслужуваат да бидат на сцената”

Со ова главниот актер Иванов безобразно воведе уште еден срамен преседан и го погази уставот и своите уставни обврски и гордо продолжува со недржавничкото и поданичко однесување да одработува за режимот кое е речиси целосно распаднат, без да има барем трошка одговорност за кризата и последиците во која сака намерно да ја втурне државата само за да го заштити криминалот!

За ова ке одговарате!

Р. Македонија ке биде земја во која ке владее мирот, стабилноста, соживотот, каде ќе се вреднуваат граѓанските а не партиските или некои други вредности. Македонија за сите“, се вели во соопштението на Един Јакуповиќ.

Би можело да ве интересира

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски

Поништувањето на аболициите од Иванов е уставно, се отвора патот за предметите на СЈО

Кристијан Ландов