Јакимовски за американската „црна листа“: Ова е акт на насилство, директно мешање во изборниот процес

Од:

Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски е изненаден од одлуката на САД да биде ставен на „црната листа“ и најави дека ќе поднесе кривична пријава против н.н. сторител.

Јакимовски, како што изјави вечерва, нема да се повлече од изборната трка.

-Како поинаку да го сфатиме овој акт на насилство, ако не како директно мешање во изборниот процес, што е казниво и кривично дело. Ова е мешање на странски разнувавчки служби во изборот на претседател на државата. Јавно кажувам дека ќе поднесам кривична пријава против н.н. сторител. Мора да се утрвди кој од овде ја направи оваа нечесна работа, истакна Јакимосвки на прес-конференција пред Општина Карпош, која беше закажана по информацијата дека САД ги ставиле него и Катица Јанева на „црната листа“.

Според него, САД се стратешки партнер на земјава, „но, нашите интереси се едно, а нивните друго“.

-Ова е кукавички чин на оние што го губат тлото под нозете, а помош не можат да добијат од граѓаните, па бараат американска поддршка. Јас сум единствениот кандидат кој вели: „Членството во НАТО многу скапо го плативме, со промена на името, и мора да го искористиме за наши проблеми, дури да се искористи и вето кога имаме некои проблеми, како сега со Бугарите. Јас сум единствениот политичар во земјава кој вели: „Да за во ЕУ, но до кога? Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ, треба да им кажеме на граѓаните што понатаму. Јас сум единствениот кандидат кој не е поддржан од Сорос, а граѓаните треба да одлучат дали Сорос ќе ни бира претседател на државата. Од изборната кампања ни случајно нема да се откажам. Ова е само доказ дека моите политики се исправни и дополнителен мотив да продолжам понатаму, нагласи Јакимовски.

Тој е уверен, како што рече, дека зад одлуката да биде ставен на „црната листа“ не стои цела американска политика, туку „само некои нејзини делови“.

-Како да не бидам изненаден од одлуката, кога на 4 јули бев поканет од Американската амбасада и стриктно ми беше кажано дека листата е максимално редуцирана и се одеше строго по листа за на Денот на американската државност да не бидат присутни некои што тие не сакаат – криминалци или други несакани лица, рече Јакимовски.

Американскиот Стејт департмент денеска именува повеќе функционери од Западен Балкан на „црна листа“, меѓу кои и поранешната специјална главна обвинителка, Катица Јанева и актуелниот градоначалник на Карпош и кандидат за претседател, Стевчо Јакимовски.

Би можело да ве интересира

Јакимовски призна пораз: Со среќа нека ви биде изборот, честитки до Сиљановска-Давкова

Орце Костов

Јакимовски: Сите сме одговорни за државата и тие што бираат и функционерите

Катерина Ѓуровски

Јакимовски е против уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот

Јакимовски: Нема да молчам никому и подготвен сум и глава да дадам за достоинството на Македонија

Јакимовски: Да се градат геријатриски центри во склоп на болниците

Катерина Ѓуровски

Јакимовски: ГРОМ и „Храбро за Македонија“ остануваат единствената трета опција со промакедонски ставови