Јакимовски вознемирен од камерите на судењето: Јасно дека се организирани од еден центар

Од:

Стевчо Јакимовски, еден ден откако ја презеде градоначалничката функција, смета дека 15 камери кои го пречекале пред судот се организирани од како што вели „еден центар“. Тој посочи дека ова доаѓа откако две години никој не ги следел судењата за предметот во кој тој се товари за злоупотреба на службената положба и овластување. Тој во објавата на „Фејсбук“ додава и дека од 2013 до денес му се закануваат со затвор.

„Па нели вака правеше режимот? Очекувам и наративот во извештаите да биде со иста или слична содржина. Јасно е дека некој не може да се помири со поразот на локалните избори. Откако одлучив да се кандидирам на 16 февруари 2013 година до денес ми претат со затвор и постојано се обидуваат да ја остварат својата цел. Нема проблем ние ќе одиме по затвори, ако треба и да умреме, да молчиме, само тие да не работат, да уживаат, да седат по кафани и да си земаат тоа што мислат дека е нивно.
Е сега повторно сме им криви и јас и народот. Јасно ми е како ден, секој ден ќе ме плукаат, ќе ме навредуваат, ќе ме прогонуваат како што правеа од 2013 до 2017 година, ќе држат пресови и протести пред вратите на општината и пак ќе бидам црн ѓавол, а јас им пружив рака и јавно им пратив покана за соработка. Нека тие мене со камења а јас нив со леб!“, напиша Јакимовски.

Инаку, по рочиштето, Јакимовски за новинарските прашања сметаше дека се смешни. Прашан дали ќе доаѓа на судења откако стана градоначалник, пред се поради обврските, тој се пофали дека има одлични менаџерски способности.

Инаку рочиштето се одложи бидејќи родителите на неговиот адвокат биле заболени од коронавирус. Според Јакимовски, адвокатот имал интензивен контакт со нив. Судијата Осман Шабани побара да му се достави решение за изолација, како и да направи тест за коронавирус.

Би можело да ве интересира

Јакимовски: ГРОМ и „Храбро за Македонија“ остануваат единствената трета опција со промакедонски ставови

Јакимовски: СДСМ и ВМРО ДПМНЕ водат ноевска политика

Јакимовски: Османи води жирафа политика – цело време бере гајле за Косово, никако да предложи нешто за Македонија

Предраг Петровиќ

Јакимовски од Струга: Кого лаже Мицкоски, германскиот пратеник или граѓаните?

Предраг Петровиќ

Јакимовски не го потпиша Кодексот за фер избори: Огромни суми за четирите партии, трошки за останатите

Предраг Петровиќ

Јакимовски: Како иден претседател на Република Македонија ќе предложам клучни реформи во локалната самоуправа

Горан Наумовски