Јакимовски: Тргнуваме „Храбро за Македонија“ да го промениме црно-белиот свет на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Од:

Претседателскиот кандидат, Стевче Јакимовски својата претседателска кампања ја започна од Тетово каде оствари средба со граѓаните.

-Им благодарам на тетовчани за срдечниот пречек и навистина ми е чест што претседателската трка ја започнувам во Тетово. Огромната поддршка е доказ дека на граѓаните им е преку глава од црно-белиот свет на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, тетовчани бараат промени, вели Јакимовски.

Со храбрите тетовчани кандидатот за претседател Јакимовски разговарал за проблемите и решенијата кои ги нуди коалицијата „Храбро за Македонија“.

-Имав шанса да поразговарам за проблемите со кои се соочуваат храбрите тетовчани, нашата коалиција „Храбро за Македонија“ има визија, имаме решенија и ќе донесеме суштински промени. Како претседател на Република Македонија нема да ги делам граѓаните по етничка и верска припадност, јас ќе бидам претседател на сите и секој граѓанин во мене ќе има свој заштитник, вели Јакимовски.

Јакимовски од Тетово порача дека нема повлекување се додека не се промени црно-белиот свет на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

-Денес тргнуваме „Храбро за Македонија“, нема назад и нема повлекување се додека не го промениме црно-белиот свет во Македонија, потенцираше претседателскиот кандидат Стевче Јакимовски.

Би можело да ве интересира

Врховен објасни зошто е укината пресудата за Јакимовски: Судовите не утврдиле дали за објектот била потребна дозвола

Катерина Ѓуровски

ГРОМ: Додека Јакимовски е во болница, власта продолжува со политичката пресметка и селективна правда

Нова крвична пријава за Стевчо Јакимовски

Врховниот суд ги укина пресудите за Стевчо Јакимовски – предметот се враќа на повторно одлучување

А1он

Одложено одењето во затвор на Стевчо Јакимовски

Стевчо Јакимовски доби упатен акт за во затвор, а сѐ уште ја чека пресудата

А1он