Јакимовски не го потпиша Кодексот за фер избори: Огромни суми за четирите партии, трошки за останатите

Од:

Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски, денеска како претставник на коалицијата „Храбро за Македонија“, не го потпиша Кодексот за фер и демократски избори.

-Јас како претставник на коалицијата „Храбро за Македонија“ не го потпишав Кодексот од две причини.

Првата причина е начинот на финансирање на парламентарните избори во коишто огромни суми се оздвојуваат само за четири коалции или четири политички партии, како што рече претходниот мој говорник, трошки за сите останати.

Идејата на државното финансирање на изборната кампања, на изборниот процес е да се поттикне политичкиот плурализам, да се поттикне повеќепартискиот систем. Тоа значи да се поттикне јавување на нови политички партии, да се поттикне јавување на нови идеи, на нови мисли, на нови програми, а не е идејата на државното финансирање на изборите да се финансираат главната политичка партија на власт и главната опозициона партија. И што е најстрашно, со Законот се забранува било какво дополнително финансирање. Тоа значи дека ако некоја нова, свежа идеја има поддржувачи и има спонзори кои ќе ја поддржат во оваа кампања, тие не можат со тие средства од спонзори да финансираат кампања, односно медиумска кампања што е крајно недемократски, антипартиски, антиплуралистички и што е спротивно на интересите на граѓаните на Република Македонија.

Втората причина зошто не го потпишав е тоа што носители на листи учествуваат во претседателската кампања. И сега, можете да замислите, учествуваат во претседателската кампања и не дека имаат некое големо влијание врз гласачкото тело, зборуваат пред приведените партиски членови кои мораат да ги слушаат. Но праќаат лоша порака, не се почитува
Изборниот Закон и праќаат лоша порака како ќе ја водат Република Македонија кога ќе дојдат на власт.
Тоа значи повторно ќе биде беззаконие, повторно Република Македонија нема да биде правна држава и повторно ќе збориме сите во името на правото и на правдата, а уште во изборниот процес сме подготвени да го кршиме изборниот закон и сѐ она што значи добро однесување на овие парламентарни избори, истакна Јакимовски.

Би можело да ве интересира

Јакимовски призна пораз: Со среќа нека ви биде изборот, честитки до Сиљановска-Давкова

Орце Костов

Јакимовски: Сите сме одговорни за државата и тие што бираат и функционерите

Катерина Ѓуровски

Јакимовски е против уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот

Јакимовски: Нема да молчам никому и подготвен сум и глава да дадам за достоинството на Македонија

Јакимовски: Да се градат геријатриски центри во склоп на болниците

Катерина Ѓуровски

Јакимовски: ГРОМ и „Храбро за Македонија“ остануваат единствената трета опција со промакедонски ставови