Јакимовски: Не е срамота да се нема, но не смее да не се помогне

Од:

Денес и утре, пред 14 поголеми маркети во општина Карпош ќе се одржи, седмата по ред, хуманитарна акција под мото „Да бидеме хумани за нашите соседи“.

Оваа акција која се одржува во рамки на активностите нaсловени како „Денови на Општина Карпош“, а кои се организираат по повод роденденот на Општината , 3 ноември, има за цел да ги поттикне жителите на Општината кои пазаруваат за време на викендот да бидат хумани и да донираат барем по еден прехранбен или хигиенски продукт за семејствата кои се во социјален ризик.

„Не е срамота да се нема, непријатно е да се остават нашите граѓани кои се во тешка материјална положба и да не им се помогне. За тоа, тука е пред сите, општината која со материјални финансиски и други средства ги помага овие семејства“, изјави  градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски, кој даде и своја лична донација за оваа намена.

Пазаруваше  во супермаркетот на „Веро“ во Тафталиџе, и сето тоа ќе биде поделено на најсиромашните. Според него се очекува да се соберат продукти за околу 150 семејства и по формирањето на т.н. „хуманитарни пакети“ истите ќе им бидат врачени на социјално загрозените семејства по домовите, во текот на следната недела.

„Со нив би требало да се обезбедат продукти за секојдневни потреби на семејствата за во следните два месеци, а потоа ќе следи нова хуманитарна акција во пресрет на Божиќните празници“, изјави Јакимовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Јанушев е дел од системот на Мицкоски во кој и возачи земаат мито

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук

(ВИДЕО) Цветановски: Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

СДСМ: Се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска – 56 случаи, 7 починати

Горан Наумовски