Јакимовски доби јавно извинување од Управата за водење на матични книги

Од:

Градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски доби јавно извинување од Управата за водење на матични книги, оти на неговиот син и снаа наместо документ за венчани, добиле извод од книга на умрените и денот на нивната венчавка е впишан како денот на нивната смрт. Од Управата посочија и дека службеникот којшто го извршил пропустот ќе биде казнет.

„Во врска со настанатата несакана грешка на издаден погрешен образец од матична книга на венчаните, искажана преку јавно информирање од страна на градоначалникот на Општина Карпош г-дин Стевчо Јакимовски, известуваме дека направен е увид во целокупното постапување по предметното барање за издавање на извод на интернационален образец од матична книга на венчаните. Утврден е пропуст сторен од страна на административен службеник, вработен во Управата за водење на матични книги – Подрачно одделение Скопје и истиот во краток рок ќе биде санкциониран согласно Законот за административни службеници. Јавно се извинуваме на семејството на градоначалникот на Општина Карпош г-дин Стевчо Јакимовски за немилиот настан“, стои во објавата на Управата за водење на матични книги.

Би можело да ве интересира

Врховен објасни зошто е укината пресудата за Јакимовски: Судовите не утврдиле дали за објектот била потребна дозвола

Катерина Ѓуровски

ГРОМ: Додека Јакимовски е во болница, власта продолжува со политичката пресметка и селективна правда

Нова крвична пријава за Стевчо Јакимовски

Врховниот суд ги укина пресудите за Стевчо Јакимовски – предметот се враќа на повторно одлучување

А1он

Одложено одењето во затвор на Стевчо Јакимовски

Стевчо Јакимовски доби упатен акт за во затвор, а сѐ уште ја чека пресудата

А1он