Јахоски: Не сум ја напуштил ДУИ, по грешка сум пишан како независен пратеник

Од:

Пратеникот во Собранието на Република Северна Македонија Исмаил Јахоски, испрати соопштение до медиумите во кое појаснува дека по грешка е ставен во групата независни пратеници на веб-страницата на Собранието. Тој негира дека ја напуштил парламентарната група на ДУИ и вели дека останува со политичката агенда на партијата.

„Дозволете да ве информирам дека јас, Исмаил Јахоски, избран како пратеник во Собранието на Република Северна Македонија од листата на ДУИ, во ниту еден момент не сум напуштил парламентарната група, ниту, пак суштински се оддалечил од изборната политичка агенда на ДУИ.

Фактот што на веб-страницата на Собранието сум ставен како независен пратеник претставува техничка грешка, која соодветно ќе биде исправена во најскора прилика,“ вели Јахоски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица