ДУИ: ВЛЕН врши политички притисок врз обвинителството

Од:

Денес, целата јавност е скандализирана од реакцијата на партијата Влен и нивното прозивање на обвинителството. Меѓународната заедница континуирано известува за притисокот на владата врз обвинителството и судовите, додека Влен јавно го потврди ова сомневање денес. Извештајот на Европската Унија предупредува како никогаш досега за политичко мешање во владеењето на правото, велат од ДУИ.

– Обвинителството и судовите мора да одлучуваат врз основа на докази, а не врз основа на политички и партиски директиви. Селективна партиска правда не им е потребна ниту на граѓаните ниту на Северна Македонија. ДУИ ја изнесе оваа загриженост пред меѓународните пријатели, вклучително и денешната изјава на Влен. ДУИ повикува на европска, неселективна правда. Обвинителите ја носат одговорноста и мора да одлучуваат врз основа на закон, докази, вештачења, а не врз основа на партиски наредби и желби. Влен се обидува да ја камуфлира својата неспособност и целосен неуспех со политички прогон и притисок врз обвинителството. Нека Влен почне од своите редови, како на приѓер Изет Меџити и Висар Ганиу за над 250 милиони евра штета со незаконски градби, Бурим Латифи за над 19 милиони евра штета на буџетот, Недим Рама и други злосторници од нивните редови, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН до ДУИ: Јавноста заслужува одговори за вашите финансиски врски со Србија

ДУИ предупредува: Забраната за полагање правосуден испит на албански е спротивна на Законот

Андоновска: Законите во ИЈЗ ќе продолжат доследно да се почитуваат и да важат подеднакво за сите

А1он

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Хоџа: Непочитувањето на Законот за употреба на јазиците прераснува во загрижувачки тренд во државните институции

Горан Наумовски

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он