Како директорот на НОМАГАС, за време на својот мандат, обезбедил капитал за инвестиции во ‘Мерцедес’, прасува ДУИ

Од:

Од ДУИ велат дека имотниот лист на Недим Рама, директор на НОМАГАС и близок соработник на Изет Меџити, отвора прашања за потеклото на средствата со кои тој стекнал акции во странски компании.

Од Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска побараа конкретни одговори од директорот на НОМАГАС, Недим Рама, во врска со пријавените акции во големи странски компании, меѓу кои и германската Mercedes-Benz Group AG.

Од партијата посочуваат дека спорен за нив е датумот на стекнување на акциите. Според податоците што Рама ги пријавил во анкетниот лист до Државната комисија за спречување на корупцијата, уделите биле стекнати на 22 април 2026 година, односно во период кога тој веќе ја извршувал функцијата директор на НОМАГАС.

ДУИ бара одговори со кои средства Рама ги купил акциите, колкав бил износот на инвестицијата во Mercedes-Benz Group AG, од која сметка биле префрлени средствата и кое е потеклото на капиталот.

Од партијата прашуваат и дали инвестициите биле пријавени во законскиот рок, како и дали постојат други инвестиции во странство кои досега не биле пријавени.

„Ова не се приватни прашања. Недим Рама раководи со стратешка државна компанија и секое позначително зголемување на имотот на јавен функционер за време на неговиот мандат мора да има јасно и проверливо потекло“, велат од ДУИ.

Партијата бара од Антикорупциската комисија да го провери потеклото на средствата, датумот на купување, вредноста на инвестициите и времето на нивното пријавување.

Од ДУИ истовремено повикаа и Рама јавно да објасни од каде потекнуваат средствата за инвестициите.

„Како директорот на НОМАГАС, за време на својот мандат, обезбедил капитал за инвестиции во ‘Мерцедес’ и други меѓународни компании?“, прашуваат од ДУИ.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: ДУИ да каже дали го негира Гзим Острени?

Горан Наумовски

Реџепи: Како ќе се поврзе Скопје со Блаце ако Качанички пат остане тесен и блокиран?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) ДУИ: Не еден, туку вкупно пет тендери за братучедот на директорот на ВРЕДИ во „Бардовци“

ДУИ: Тендер од 42 илјади евра кај братучедот на директорот на „Бардовци“

ВРЕДИ: ДУИ две децении беше на власт, а нема абер од законите