Амбасадата на РМ во Ватикан реагираше со соопштение до медиумите, дури откако во јавноста беше пренесена информацијата дека во брошурата за Мајка Тереза, како нејзин роден град беше напишано Скопје, Албанија, вели извор на А1он од Ватикан.
Посочува дека уште од 7 часот утрината им била поделена книгата, која била на три јазици, a во англиската верзија Скопје било сместено во Албанија.
Зошто ако македонската амбасада во Ватикан, како што соопшти, веднаш реагирала, а и македонската државно-црковна делегација упатила остра реакција, со барање брошурата да биде повлечена, тоа не го кажаа јавно, туку дури откако информацијата излезе во јавност.
Според изворот на А1он, примероците не биле повлечени, туку со грешката дека Скопје е град во Албанија, ги добиле дел од гостите на вчерашната церемонија.
Од Кабинетите на претседателот и премиерот немаше соопштение дека во брошурата погрешно било наведено дека Скопје е во Албанија и дека од нивна страна имало остра реакција, како што велат од Амбасадата.
Амбасадата пишува дека побарала и објаснување од Ватиканските власти. Дали Ватикан испрати објаснување и што стои во него?