Изводот со графа за етничка припадност надвор од употреба: Уставен суд се сомнева во законитоста на упатството

Од:

Уставниот суд привремено го стави надвор од употреба упатството за издавање на извод на родени кое го донесе министерот за правда Кренар Лога, а во кое има графа за етничка припадност.

Уставните судии изразија сомнеж во уставноста на ова упатство и покренаа иницијива за проверка на законитоста. Додека одлучат за упатството на министерот, ќе важи времената мерка, односно во изводите нема да се става графата за етничка припадност.

Досега при аплицирање за извод од матично, граѓаните ја пишуваа својата етничка припадност своеврачно во книгата за водење евиденција, но освен графа за државјанството, немаше графа за национална припадност, што за најголем дел од експертите е неуставно, вклучувајќи ја и претседателката на Уставен, Добрила Кацарска.

Вчера пак, министерот за правда, Кренар Лога откако го објави изводот на кој му стои етничката припадност Албанец, во обид да докаже дека Упатството кое го донесе е во согласност со законите објави изводи на кои стои „македонец“ и „македонка“ во графата националност. Тој објави извод на лице родено во 1982 година во кој кај родителите кај националност стои Македонец и Македонка.

И поранешната министерка за правда, Рената Дескоска се изјасни дека графата за националност во изводот не е законска, и дека очекува Уставен суд да го укине Упатството за матични книги.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Уставниот суд апелира за итен избор на уставен судија

Костадиновски: Сè зависи каде се применува бадентерот

Костадиновски: Итно да се изберат двајца уставни судии

Костадиновски: Укинувачката одлука на Кривичниот законик би направила поголема штета од пратеничката

Собранието ја констатира оставката на Дабовиќ-Анастасовска, опозицијата бара Анкетна комисија за трагедиите

Горан Наумовски

Уставната судијка Јадранка Дабовиќ-Анастасовска поднесе оставка

А1он