Изработка на национални црвени листи во Република Македонија

Од:

Во Република Македонија почнува изработката на националните црвени листи, информира Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

– Воспоставување интегрална заштита на природата и обезбедување поволна состојба на зачуваност на видовите и нивните природни живеалишта, претставува приоритетна цел на МЖСПП. Со тоа ќе се обезбеди унапредување на имплементацијата на Директивата за зачувување на природните живеалишта и на дивата фауна и флора и Директивата за зачувување на дивите птици, како најважни инструменти на ЕУ за заштита на природата. Ова денеска го исталнала в.д. директорката на Управата за животна средина Билјана Зефиќ на иницијалната средба за изработка на националните црвени листи.

Според неа, изработката на црените листи претставува една од најзначајните активности на МЖСПП во подрачјето на заштитата на природата, тоа е законска обврска и една од приритетните акции од Националната стратегија за заштита на природа 2017-2028.

– Изготвените национални црвени листи по нивното донесување ќе имаат апликативна функција во секојдневната работа на Секторот за природа во Управата за животна средина, во рамки на спроведувањето на управните постапки за заштита, зачувување и одржливо управување со биодиверзитетот, информира МЖСПП.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари