Измените во Кривичниот законик го премислија адвокатот Наумовски: Повлечена иницијативата за помилувањата на Иванов

Од:

Адвокатот Миле Наумовски кој се обиде преку Врховниот суд да ги оживее помилувањата на поранешни функционери кои ги потпиша поранешниот претседател Ѓорге Иванов се премисли и на 27 октомври го повлекол поднесокот, информираше Врховниот суд.

Врховниот суд на Република Северна Македонија известува дека на ден 27.10.2023 година, до Врховниот суд доставен е поднесок од адвокат Миле Наумовски, со кој во целост ја повлекува Иницијативата за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, која се однесува на повеќе прашања во врска со кривичната постапка, помеѓу кои и за прашањето за дадените помилувања од страна на поранешниот претседател на Република Северна Македонија, Ѓорге Иванов, стои во соопштението од Врховниот суд.

Адвокатот Наумовски за А1он појаснува дека на овој чекор се одлучил поради донесените измени во Кривичниот законик, кои предвидуваат многу пониски казни за актуелни но и поранешни функционери.

„Веќе не гледам потреба Врховниот суд да одлучува по ова прашање. Ја повлеков иницијативата затоа што законодавецот со измените на Кривичниот законик го стесни полето за примена на членот 353. Во најголем дел беше обработен овој член, додека аболицијата беше ставена на крајот“, вели Наумовски.

Тој иницијативата ја поднел на 23 јуни, но Врховниот суд кажа дека таа постои три месеци подоцна, преку соопштение кое беше објавено на нивната официјална страница.

Би можело да ве интересира

Левица: Измените на Кривичниот законик се скандалозни, Уставниот суд да реагира

Сиљановска-Давкова: Измените во КЗ важат до донесување на новиот Кривичен законик

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

СДСМ: Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден

Горан Наумовски

Експертите со поделени ставови за предлог-измените на Кривичниот законик

(ВИДЕО) Зајкова: Срамно е по 18 месеци чекање нов Кривичен законик, да добиеме само козметички интервенции