Измените на Изборниот законик и на Законот за медиуми на собраниска седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 83-седница на која на дневен ред е Предлог законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка, поднесен од пратеници од парламентарното мнозинство и од опозицијата.

Имено, со последните измени и дополнувања на Законот регулирана е исплатата на средства од Буџетот за платеното политичко рекламирање врз основа на доказ на барателот, но без можност тие докази да бидат проверени. Поради потребата од допрецизирање на овие законски одредби со Предлог законот се утврдува и начин на проверка на приложените барања за надомест на средства од Буџетот на Република Македонија, стои во образложението.

Воедно, се бришат и одредбите кои се однесуваат на обврската за Државната изборна комисија да врши мониторинг на електронските медиуми (порталите) за време на изборните процеси, со оглед дека ДИК нема технички услови за да ја спроведе оваа активностСо предложените измени за миниторингот се задолжува Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. АВМУ е должна во рок од 30 дена од денот на донесувањето на овој законик треба да донесе Методологија за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси, за време на изборните процеси и истите ги објавува на својата веб страница.

На седницата втора и последна точка за која пратениците ќе дебатираат е и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка.

Според образложението кон законскиот предлог, со измените се врши усогласување на рокот за усогласување на финансискиот план на МРТ со измената на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од декември 2018 година и се дава одложна примена на обврските на операторите за регистрација на странски и домашни програмски сервиси. Со членот 3 се определува и рокот за усогласување на веќе започнатото рекламирање на приватните станици и МРТ, поради веќе склучени договори за рекламирање, а и се додава уште еден нов член за одложна примена на правилата за обврските на операторите за регистрација на странски и домашни програмски сервиси.

Би можело да ве интересира

Филипче: Нема нова технологија дома, а Мицкоски ќе правел технологија за гласање од надвор

Предраг Петровиќ

Мицкоски ги прекори опозициските партии дека и по неколку дена не усогласиле став за Изборниот законик, СДСМ експресно му одговори

Нова средба без исход за Изборниот законик: главната сопка, гласањето на дисјапората, останува

Катерина Ѓуровски

Села: Албанска лига е за отворени листи, осум изборни единици и гласање на дијаспората електронски или по пошта на сите изборни циклуси

Уставен суд утре ќе расправа по иницијативата на „Левица“ за одредбите за политичко рекламирање во Изборниот законик

Катерина Ѓуровски

Нов обид за договор меѓу партиите за Изборниот законик во Собрание