Изменет сообрајќаен режим за време на Скопски Маратон 2013

Од:

По повод одржувањето на манифестацијата Скопски Маратон 2013 на 12-ти мај, недела, сообраќајниот режим во главниот град ќе биде изменет.

Имено, како што информираат од Град Скопје, во периодото од 07:30 – 14:00 целосно затворени за сообраќај ќе бидат: улица „Димитрије Чуповски“, булевар „Илинден“, улица „Франклин Рузвелт“, улица „Војвода Васил Чакаларов“ , булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“, улица „11 Октомври“, делот на булевар „Крушевска Република“ од семафорите кај Тутунски комбинат до семафорите кај Полициска станица „Пролет“, булевар „3-та Македонска бригада“ од семафорите кај Полициска станица „Пролет“ до крстосница со улица „Фрањо Клуз“, десната коловозна лента од булевар „Јане Сандански“ од Тобако во правец кон Аеродром, се до крстосница со булевар „Србија“.

Делумно затворени за сообраќај ќе бидат: десната коловозна лента од булевар „Климент Охридски“ во правец од Матица до семафорите кај Влада, улица „Љубљанска“ во правец од бул.„Илинденска“ до семафорите кај булевар „Партизански одреди“, улица „Московска“ во правец од булевар „Партизански одреди“ до студентски дом „Гоце Делчев“.

Во согласност со променетиот режим на сообраќај, ќе биде променет и режимот на линиите на Јавниот градски превоз, соопштуваат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Загина светскиот рекордер Келвин Киптум

Кениецот Едвин Кипту е победник на маратонот во Атина

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

(ВИДЕО) Невидена грешка и остана без 7000 долари: Наместо на целта, тргна кон полицијата

Предраг Петровиќ

Пливачи со години не добивале награди од охридскиот маратон, Пецаков им пратил покани и чека одговори

Кристијан Ландов

Поп Арсова на 28. место на маратонската трка на СП