Измамник тврдел дека ќе купи кола, а ја разменил за стока во Арачиново

Од:

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против A.M.(37) од с.Балин Дол, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, соопшти полицијата.

„На 03.02.2021 во Гостивар, пријавениот усно се договорил со Ш.Р.(67) од Гостивар да купи од него патничко возило, по што му дал дел од парите и ветил дека останатиот дел ќе му го даде по проверка на исправноста на возилото кај механичар. После тоа пријавениот не се јавувал на повиците, а возилото го компензирал за производи со лице од с.Арачиново, скопско“, велат од МВР.

По преземени мерки, возилото било пронајдено и вратено на сопственикот, а А.М. на 09.03.2021 бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, се додава во полициското соопштение.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Со нож и се заканувал на сопругата, а потоа ја истепал

Нова измама во Скопје: Лажен лекар од жена зема 30.000 евра

Горан Наумовски

Лажен доктор од скопјанка зема 20.000 евра, полицијата трага по измамникот

Приведени полицајци во врска со пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он

Обновување на форензички софтвер, нема набавка на „софтвер за шпионажа“, реагира МВР

Катерина Ѓуровски