Измамник од Шишево продал изнајмен џип „БМВ“, a лажел дека му го зеле луѓе на кои им должи пари

Од:

43-годишен жител на скопското село Шишево доби кривична пријава откако сакал со измама да продаде џип „БМВ X5“, соопшти полицијата.

„ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Џ.С.(43) од скопското село Шишево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Тој, на 09.01.2021 го довел во заблуда Д.М. од Дебар, од кого претходно изнајмил возило „бмв х5“. По истекување на договорот за изнајмување, пријавениот не му го вратил возилото на оштетениот со образложение дека му го одзеле лица на кои наводно им должел пари,“ се вели во полициското соопштение.

„По преземени мерки, полициските службеници констатирале дека пријавениот направил фалсификуван купопродажен договор во кој прикажал дека оштетениот му го продал возилото. Потоа, го одјавил и го продал на лице од Куманово,“ велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Лажен полицаец измами скопјанец за 3.500 евра

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР