Измамници од затвор земале брзи кредити на име на охриѓанец

Од:

Двајца затвореници од Штип и од Свети Николе успеале да подигнат неколку брзи кредити, користејќи ги податоците на охриѓанец, кои претходно ги дознале преку измама.

„СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.С.(30) од Штип и П.Т.(41) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Пријавените, во текот на ноември и декември 2020 година, додека издржувале казна затвор во Казнено- поправната установа Затвор – Штип, оствариле контакт со жител од Охрид и доведувајќи го во заблуда ги обезбедиле неговите лични податоци и документи. Подоцна, со тие податоци подигнале брзи кредити од неколку финансиски друштва, а примопредавањето на парите го вршеле преку посредник. На овој начин, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 100.000 денари,“ се вели во полициското соопштение за случајот.

Би можело да ве интересира

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

Загина 67-годишен охриѓанец во несреќа со мотор

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Полицијата го пронајде беживотното тело на исчезнатиот скопјанец во водите на Охридското Езеро

Уапсен дилер баран со потерница, две години бил во бегство

Катерина Ѓуровски