Изложбата СТАВ – Студентска архитектонска визија

Од:

На 20-ти февруари 2015, во 20:00 часот, на Автономната зона на Техничкиот факултет во Битола ќе се одржи изложбата СТАВ – Студентска архитектонска визија.

СТАВ е изложба на дипломски проекти на генерацијата запишана 2006 година на Архитектонски Факултет – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Изложба на една поинаква визија за архитектурата. Архитектура од нас за сите нас.

Покровител на оваа изложба е Асоцијацијата на Архитекти на Македонија (ААМ) кои се најголемата професионална архитектонска организација во Македонија и кои секогаш ги препознаваат настаните кои ја движат архитектонската мисла напред и кои носат свежи и нови идеи во нашата земја. На оваа изложба сакаме да ги промовираме нашите проекти што имаат зрел став кон архитектурата, кои покажуваат една нова визија за иднината на нашата архитектура. Иницијативата покажува дека има многу проекти кои остануваат неизведени, а имаат големи архитектонски квалитети. Затоа сакаме тие да не останат невидени и да бидат инспирација за сегашните и идните архитекти.

Генерација има богатство од дипломски проекти со различен карактер и за различна намена и гледајќи ги оценките со кои беа оценети од Архитектонскиот факултет слободно можеме да кажеме дека претставуваат многу квалитетни проекти и дека од оваа генерација ќе има голем број успешни архитекти. Затоа сакаме крајот на универзитетската етапа да го затвориме со една изложба каде покрај нашите професори ќе може и јавноста да ја види креативноста што ја поседуваме. Да види што можат да очекуваат од нас во иднина и која е нашата архитектонска визија.

Меѓу проектите се вбројуваат културни центри, винарии, реадаптации на напуштени индустриски објекти, планетариуми, урбанистички планови, проекти за заживување на македонските села, нови градски центри, облакодери и многу други архитектонски проекти и урбанистички планови, сѐ со цел да покажеме една разновидност и еден наш став за различните сфери во архитектурата.

Ова се проекти кои нескромно можеме да ги споредиме и со светските трендови во архитектурата и со тоа да докажеме дека ние сме инспирирани од целиот свет, а нашите погледи кон архитектурата одат многу подалеку.
СТАВ цврсто стои зад секоја прогресивна сила и дава целосна поддршка на активностите на Студентски Пленум. Поради тоа осмото патување на изложбата пред публиката започнува на Автономната зона на Техничкиот факултет, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Организациониот одбор на СТАВ – Битола, смета дека отстапувањето медиумски простор за информирање за настанот, како и присуството на Вашиот медиум на отворањето на изложбата ќе даде особен придонес за дополнително афирмирање на истата, за што најдиректно Ви изразуваме благодарност.

Би можело да ве интересира

Студентски пленум се огради од Туфегџиќ, таа вели дека е на листа како граѓански активист

Емир Латифовиќ

Студентски пленум објави повик за предлог модели за студентско организирање

Емир Латифовиќ

Погледнете го видеото „брУКИМ“ од Студентскиот пленум

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Автономија на УКИМ: Студентите влегоа на факултети

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Студентскиот протест се движи кон УКИМ

Емир Латифовиќ

Власта со специјалци ќе ги растерува студентите од пред СПУКМ

Предраг Петровиќ