Пожар проголта столарска, лимарска и тексилна работилница во скопската населба Бутел.
Првично, според полиција, пожарот настанал откако била запалена запалива течност.
Не се знае дали случајно или намерно се запалени работилниците, но од досегашниот увид на истражните екипи на МВР и на противпожарната единица е констатирана вкупна штета од 7,7 милиони денари.