За убиецот од Хром уште нема притвор, Кривичен чека МВР да го однесе пред судија

Од:

Триесет и деветгодишниот А.Д. осомничен за убиството во Хром уште не е однесен пред судија на претходна постапка, иако вчера во 14:20 часот, полицијата го уапси во близина на мостот „Обединети Нации“.

Од судот за А1он велат дека за него се уште нема одлука дали ќе се прифати мерка притвор бидејќи не е однесен во Кривичниот суд, иако за него беше распишан налог за потрага зошто не беше најден во неговиот дом.

„При обид за бегство, А.Д. е фатен и приведен во полициска станица, по што ќе биде изведен пред надлежен судија“, извести вчера МВР.

А.Д. се товари со две кривични дела, „убиство” и „тешки дела против општата сигурност”, додека пак неговата мајка, И.Ц. (58) се товари за делото „тешки дела против општата сигурност“, под сомнение дека заедно со синот подметнала пожар за да го прикрие убиството на 35 годишниот И.Ј. од Скопје.

Според обвинението, А.Д. имал кратка расправија со И.Ј., по што му нанел над 45 убодни рани по вратот и телото, по што се јавил кај неговата мајка, која во станот на И.Ј. се појавила со шише бензин.

Би можело да ве интересира

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

До смрт ја претепа двoмесечната ќерка – осуден е на 58 години затвор

А1он

Ќе лежи 22 години во затвор за убиство на сопругата – полицијата го пушти на слобода кога и се закануваше

А1он

Две лица од Турција осомничени за обид за убиство во Скопје, се трага по третиот осомничен

Тројца мажи во Мексико осудени на по 158 години затвор за убиството на тројца сурфери

Хорор во Србија: Ја мачел, ја исекол мајка си и деловите од телото ги ставил во замрзнувач

А1он