Изгаснат пожарот кај село Белица, Бродско

Од:

Пожарот кој пред четири дена избувна кај село Белица, Бродско, каде со огнената стихија беа зафатени над пет хектари борова шума е изгаснат, благодарение на дождот кој наврна во овој дел од земјава. Иако, пожарот е изгаснат, во приземните делови од боровите стебла не е исклучено повторно да се реактивира некој дел од големиот пожар, потврди командирот на ТППЕ Македонски Брод, Гоце Саракимоски.

-Како што беше најавено така и се случи, по заслуга на врнежите од дожд во поголемиот дел од Поречието, изгаснат е големиот шумски пожар кај село Белица Бродско. Потврда дека пожарот е локализиран ја добивме и од претставниците на Шумското стопанство и барем засега не постои опасност од негово ширење, иако не е исклучена можноста пожарот да се реактивира бидејќи истиот може да се рашири по коренскиот систем на боровите стебла, кои се опфатени од огнената стихија. За среќа ова е единствениот пожар деновиве во нашиот регион, бидејќи топлото време и сушата се идеални претпоставки за појава на пожари, а човековата неодговорност е главната причина за нивно појавување, додава командирот Саракимоски.

Инаку, во изминатите три дена хеликоптер од ДЗС во 21 наврат интервенираше со вода на огненото жариште, додека пожарникари и вработени од Шумското стопанство со прирачен алат дежураа крај самиот оган да не дојде до негово проширување.

Би можело да ве интересира

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски