Издржете уште денеска, од утре освежување!

Од:

Портокалова фаза, пеколно високи температути и висок степен на УВ зрашење. Ова, според синоптичарите треба да се издржи уште денеска, бидејќи, конечно од утре доаѓа освежување.
Од понеделник не очекуваат температури околу 30 степени, а за следниот викенд се најавува дожд со можност за појава на невреме.
А до заладувањето, и денеска треба да се избегнува работа на отворено во најтоплиот период од денот, меѓу 11 и 17 часот, да се обезбеди адекватна вентилација, по можност климатизација во работниот простор и засолништа каде што вработените ќе можат да се разладуваат, да се воведат почести паузи и работа во две смени.
Министерството за труд и социјална политика порачува домовите за згрижување стари лица да преземат мерки за климатизација на просториите или обезбедување ладна просторија неопходна за портокалова фаза, да се нуди повеке лесна храна и течности, како и да се даваат совети за навремено земање на препорачаната терапија од лекар и за избегнување дирекна изложеност на сонце од 11 до 16 часот.
Центрите за социјални работи да ја интензивираат соработката со единиците на Црвениот крст и локалната самоуправа особено за помош на осамени стари лица, социјално загрозени и бездомници, нивно лоцирање, домашни посети и помош.
И се разбира, да се јаде лесна храна без маснотии, да се пијат многу течности и тоа негазирани, да се избегнува алкохол, и да се носи светла и лесна облека.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска