Во периодот од 08,00 часот на 08.09.2015 до 09.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 1.296 странски државјани, од кои 773 се од машки пол, 173 се од женски, 283 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 67 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на Сирија 1.104, Авганистан од 108, Ирак од 34, Палестина 19, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19.06.2015 до 09.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 66.954 странски државјани, од кои 45.136 се од машки пол, 9.204 се од женски, 10.849 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 1.765 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 54.541, потоа од Авганистан 3.720, Ирак 3.125, од Пакистан 1.908, Палестина 806, од Сомалија 577, Бангладеж 474, од Конго 324, Нигерија 207, Камерун 160, од Еритреја 146, Етиопија 117, додека останатите се во помал број.
Во периодот од 08,00 часот на 08.09.2015 до 09.09.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 09.09.2015 година до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 08.09.2015 година евидентирани се вкупно 5 баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 4 баратели на азил – еден маж, една жена и две малолетни лица од кои едно малолетно лице е без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.