Издадена потерница за Груевски

Од:

Министерството за внатрешни работи по налог на кривичниот суд распиша потерница по поранешниот премиер Никола Груевски, кој требаше во петокот да се јави на издржување на затворската казна за случајот „Тенк“ на СЈО, односно набавката на луксузниот „мерцедес“.

„Ве известуваме дека Основниот суд Скопје 1 издаде наредба за приведување на лицето за кое прашувате и на 12.11.2018 во 16:30 часот ја достави до СВР Скопје и побара издавање потерница. Министерството за внатрешни работи постапува по наредбата веднаш откако му беше доставена“, велат од МВР за „Макфакс“.

Судот соопшти дека денеска добиле известување од затворот во Шуто Оризари оти експремиерот Никола Груевски не се јавил за издржување на затворската казна. Од судот додаваат дека во текот на денешниот ден правеле нови обиди да му го достават на Груевски решението на кривичниот совет за издржувањето на казната.

Во петокот судските курири во неколку обиди не успеаја да го пронајдат Груевски на адресата на која е пријавено неговото живеалиште. Експремиерот и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ е осуден на две години затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Полицијата го чува Саркози во затвор

МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера

Горан Наумовски

Октоберфест е затворен од полицијата

Рио де Жанеиро го враќа законот за добивање бонус за полицајците кои убиваат криминалци

Голем број загинати во затворски бунт во Еквадор