Издадена наредба за приведување на Зеќири, откако вчера обвинителката кажа дека може да избега

Од:

И покрај сомневањата на обвинителката дека осомничениот Мухамед Зеќири кој даде оставка од Владата може да се даде во бегство, да влијае на сведоци и да го повтори делото, Кривичниот суд досега утрово издал наредба за приведување и спроведување пред судија на претходна постапка. Според нашите информации, обвинителката предлог за определување на притвор доставила уште вчера попладнето. Истото го потврдуваат и од Обвинителството. Но, судот, наредбата ја издал утринава.

„По добивање на предлогот, во Законски предвидениот рок судија на претходна постапка, согласно одредбите од ЗКП издаде наредба до надлежната ПС за спровод на осомничениот и тоа на единствената адреса посочена во предлогот. Откако, осомничениот ќе биде изведен пред судијата и ќе се произнесе во однос на предлогот на Јавниот обвинител ќе биде изготвено решение за кое странките и јавноста ќе бидат благовремено известени“, велат од Кривичен суд.

Од Обвинителството велат дека предлогот за притвор го испратиле вчера.

„Наредбата за која покажувате интерес е како резултат на повеќемесечна предистражна постапка, при што надлежниот обвинител издаде повеќе наредби за собирање докази. Во текот на вчерашниот ден беше комплетирана документацијата и јавниот обвинител ја донесе во попладневните часови донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица. Наредбата, заедно со предлозите за определување на мерката притвор веднаш беа доставени до Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје согласно надлежноститена поматамошно постапување“, велат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Според Законот за кривична постапка, доколку е доставена покана до Зеќири, а тој не се појави во судот, се издава наредба за приведување.

„Во член 157 од законот за кривична постапка децидно се определени основите и постапката за приведување, односно дека Наредба да се приведе обвинетиот може да издаде судот ако постојат основи за притвор од членот 165 на овој закон, ако веќе е донесено решение за притвор или ако уредно повиканиот обвинет не дојде, а својот изостанок не го оправда или ако не можело да се изврши уредно доставување на поканата, а од околностите очигледно произлегува дека обвинетиот го одбегнува приемот на поканата. Воедно во истиот член во став 2 е одредено дека Наредбата за приведување ја извршува полицијата, во таа насока на ова прашање ве упатуваме одговорот да го побарате во судот“, стои во законската одредба.

Новинарските екипи со часови чекаат да се појави Зеќири во Кривичниот суд. Утринава, тој за „А1он“ кажа дека не знае дека за него се бара притвор. Во меѓувреме, додека се чека да се одлучи дали ќе му изрече, тој преку социјалните мрежи поднесе оставка до премиерот Димитар Ковачевски од функцијата генерален секретар на Влада.

Јавен обвинител донесе наредба за истрага во која осомничени се Мухамед Зеќири и две други лица. Зеќири се гони бидејќи во периодот од месец април 2021 година до месец јануари 2022 година, со искористување на својата службена положба без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани.

„Со преземените дејствија осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100,00 денари, а на штета на Буџетот на Р.Северна Македонија. Износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги“, пишува во соопштението на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција.

Би можело да ве интересира

Зеќири ќе поднесе жалба на пресудата: Спроведував умисла на владата и Битиќи

Александар Тодески

Две и пол години затвор за Мухамед Зеќири, треба да врати и над 71 милион денари во државниот буџет

Александар Тодески

Во Кривичен пресуда за Мухамед Зеќири

Мухамед Зеќири ослободен од притвор и доби преквалфикација на делото поради измените во Кривичниот законик

Катерина Ѓуровски

Не дојде сведок на одбраната, судењето против Мухамед Зеќири одложено за 24 октомври

Судењето против Мухамед Зеќири одложено за 6 јуни

Ана Ололовска