Избрани тројца нови јавни обвинители

Од:

Советот на јавните обвинители на Република Македонија на редовна седница избра еден јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија и двајца јавни обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје.

За јавен обвинител  во Јавното обвинителство  на Република Македонија е избран јавниот обвинител Гордана Ѓешкоска, која доаѓа од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

За јавен обвинител во Вишо јавно обвинителство Скопје се избрани Наталија Тасевска и Анита Топалова Исајловска. И двете обвинителки доаѓаат од Основното јавно обвинителство Скопје, се вели во соопштението од Советот на јавните обвинители.

Новоизбраните јавни обвинители утре ќе дадат свечени изјави пред членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата

Горан Наумовски

СДСМ: Преземање на судството, неуставна Резолуција и Катица во функција на власта се дел од исто сценарио

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје