Избрани над 36.000 добитници на бесплатни билети за патување преку „Истражи ја ЕУ“

Од:

Во рамки на иницијативата „Истражи ја ЕУ“, финансирана од програмата „Еразмус+“, избрани се вкупно 36.318 млади Европејци на возраст од 18 години, кои ќе добијат бесплатни билети за патување, со цел да се запознаат со различностите на Европа, да се информираат за нејзиното културно наследство и историја и да се поврзат со луѓе од целиот континент.

Избраните „патници низ Европа“ се меѓу 144.038-те млади луѓе кои се пријавија на конкурсот на „Истражи ја ЕУ“ распишан лани во октомври.

Добитниците на бесплатните билети ќе може да ги искористат за патување низ Европа, главно со воз, во периодот од март 2024 до мај 2025 година.

Според еврокомесарката за иновации, истражување, култура, образование и млади Илијана Иванова, иницијативата „Истражи ја ЕУ“ нуди единствена можност да се замине на незаборавно патување низ европските земји, каде што „секоја станица создава нови односи и ја истакнува повеќеслојната убавина на Европа“.

– До сите млади авантуристи кои зачекоруваат на ова извонредно патување порачувам: секоја локација нека ги прошири вашите перспективи, секоја интеракција нека го збогати вашиот дух и секоја средба нека остави траен спомен, додаде Иванова.

Право на учество на овој конкурс на „Истражи ја ЕУ“ имаа млади луѓе од земјите опфатени со програмата „Еразмус+“, меѓу кои е и Северна Македонија, родени во периодот помеѓу 1 јануари и 31 декември 2005 година.

Иницијативата „Истражи ја ЕУ“ покрај доделувањето на бесплатни билети, вклучува и информативни обуки пред поаѓањето на патувањата и дружења низ цела Европа.

Би можело да ве интересира

Европа останува без пари за Киев

ЕУ: Приватниот капитал е клучен извор на сила и предност во однос на Русија

Во ЕУ има 15,7 судии на 100.000 жители, а во Македонија 20,1

Анкара признава: Европската врата за Турција е речиси затворена

Слуцки: ЕУ ја поттикнува Третата светска војна со снабдување на Украина со оружје

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ