Изборите во САД: Импликација и нови компликации

Од:

Рoмни или Обама, до сега одамна во САД немало толку голем прикриен дискурс во американската надворешна политика и приоритети.

Администрацијата на Обама главниот фокус го насочи кон демократизацијата на северот на Африка и Блискиот Исток. Од инертноста на администрацијата на Картер нити еден американски председател не навлегол подлабоко во политичките текови во тој регион.

Картер по инерција влезе во иранската револуција, па долго беа фокусирани на тој регион занемарувајќи го остатокот на светот.

Барак Омаба го разбуди арапскиот свет,го доведе Израел во незавидна ситуација да троши дополнителни огромни средства и го преструктуира целиот безбедносен систем.

Овој систем правен за други времиња ,малку бирократско мрзелив, реакционерен беше приморан да се задвижи и да ги процени уште еднаш своите квалитети и квантитети во односот со арапските земји во кои Арапската Пролет доведе до низа политичко/воени земјотреси.

Сирија најмногу профитираше поради изборите во САД. Ниту едниот ниту другиот кандидат сакаа да влезат со глава во проблемот-Сирија.Тоа може да ги чини победа на изборите од очигледниот пад на САД економијата и константата ангажираност во Ирак и Авганистан.

Опозицијата во Сирија затоа трчаше низ старата добра Европа која одвај има некаков став , а не и ресурси да помогне во Сирија.

Месеците после изборит во САД ќе бидат фокусирани на пад на сирискиот режим,било кој од двајцата кандидат да победи на изборите.

Фокусот на Обама останува Иран и дел Кина и економските проблеми во Европа додека Ромни сепак е посветен малку по на север, фокусиран на Русија и Кина.

Ромни ситуацијата во Арапскиот свет би ја држел статус кво (освен во Сирија) додека Обама уште повеќе би го зголемил фокусот на интереси во тој дел на светот.
Двете стратегии се слични и поврзани со енергенските во тој дел на светот како и безбедноста на Израел но концепциски се разликуваат премногу.

Додека Обама демократски би ги нишал режимите во тој регион и малку пошироко, Ромни би правел цврсти столбови/сојузници ,а би менаџирал надвор од границите на сојузниците и би ги анулирал нивните непријатели што е стариот модел на надворешната политика на Републиканците за тој регион.

Но, никој скоро не забележа што се крие во главната стратегија на Ромни кој е опкружен со стратези и аналитичари за Евро-Азија.

Посочуваќи дека Русија е главниот непријател на САД ,звучеше реакционерно и ретроградно со стариот американски вокабулар. Мала анализа на неговите изјави говори дека не е баш така.

Ромни зборува за модерна европа која би се ширела на исток до границите со Русија.
Оваа стратегија ја смета витално корисна и за САД. Можеби и приоритетна.

Европа не сака да ја стави помеѓу чеканот (САД) и наковалната (Русија) да би била обезличена ,а секако е безидејна ,без лидери и притисната со економијата.

Политичката весела математика на Обама во односот со Русија и ЕУ е 1-1-1 додека Ромни има формула од 1+1-1 што дополнително на Русија им сигнализира дека Обама не е проблем туку Ромни.

Од Русија и Источна Европа дополнително Обама добива помош ,а цел ПР на исток е насочен кон убедување на дијаспората да го подржат Обама. Дури и десницата во Европа е чудно наклонета кон Обама заради тоа што во негово време таа доживува ренесанса, а пак збунетата европска левица Обама го смета за некако поблизок.

Во САД знаат дека новата дијаспора од Европа ,арапскиот свет и еврејското лоби ќе бидат овој пат изедначени во тежината на подршката кон двајцата кандидати.Тоа се милони гласови кои заедно со гласовите на хиспано-американците ќе ги одлучуваат овие избори и тоа до сега најдрастично.

Дури е по упростено ,овие избори ќе ги одлучат хиспано-американците доколку се верува во математиката од двата штаба на кандидатите заради што другите групи гласачи ќе гласаат изедначено за двајцата кандидати.

Даме Чкатроски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска