Изборен наставен предмет за финансиска писменост за учениците од економските училишта

Од:

На предлог на Комисијата за хартии од вредност, Министерството за образование и наука во соработка со Македонска берза а.д. Скопје ќе им понуди на економските училишта изборен предмет за финансиска писменост на учениците. Во практичниот дел од предметот ќе се користи платформата „Виртуелна берза“, која е креирана од Берзата како интернет-игра на знаења за стекнување први искуства за вложување и тргување со хартии од вредност.

– Предметот ќе има теоретски дел подготвен во соработка со Центарот за стручно образование заедно со училиштата и Комисијата за хартии од вредност, а практичниот дел ќе биде изработен заедно со Македонска берза, со тоа што тие нудат и алатка за тргување што е значајна за учениците, за да го почувствуваат она што теоретски го учат и да може да се натпреваруваат, изјави министерката Мила Царовска.

Таа денеска се обрати на конференција за унапредување на финансиската едукација на учениците од средните стручни училишта, на која ученици од средното економско „Арсени Јовков“ во Скопје ги презентираа своите познавања на пазарот на капитал стекнати во пилот-проект за финансиска писменист.

Претседателката на Комисијата за хартии од вредност Нора Алити истакна дека се радува и е горда што ќе се реализираат нивните долгогодишни заложби да се воведе изборен наставен предмет во средните стручни училишта и се заблагодари на МОН и на министерката Царовска за позитивниот одговор на иницијативата.

– Вклучување на едукацијата за принципите на функционирање на пазарот на капитал во формалното образование е најубав начин да го заѕвониме ѕвоното на Македонската берза за финансиска писменост. Ова претставува своевидна возачка дозвола за сите наши млади кои утре, и за потребите во секојдневниот живот, ќе бидат во сложениот финансиски свет, рече Алити.

Извршниот директор на Македонска берза, Иван Штериев, истакна дека финансиската писменост за берзите станува се поважна со оглед на се поголемото учество на физичките лица во тргувањето си хартии од вредност, како и појавата на онлајн-платформите за тргување.

– Финансиската писменост во Македонија не е на потребното ниво. На нашите ученици и студенти, а и на поголем дел од возрасните, основните поими за управување со личните финансии, здравите финансиски навики, штедењето и инвестициите не им се многу позната територија и овие состојби, секако, треба да се менуваат упорно и трпеливо. Оттука сме многу среќни што важноста на финансиската едукација кај нас сега е и институционално препозната и што наскоро ќе бидеме меѓу ретките земји во регионот што на на нашите ученици од средните економско-правни училишта ќе им даде шанса навреме да влезат во оваа многу комплексна проблематика, додаде Штериев.

Би можело да ве интересира

МОН ги објави резултатите од конкурсите за ученички стипендии за учебната 2021-2022

Ана Ололовска

МОН: До 30 ноември повторно пријавување за субвенциониран студентски оброк

Ана Ололовска

Прогресивниот синдикат за образование бара наставничките совети сами да одлучуваат за моделот на настава од 1 декември до 31 март

Ана Ололовска

Со измени на Законот за основно образование ќе се допрецизира постапката за вработување образовни асистенти

А1он

Косово ќе го користи искуството на Македонија во реформирање на образовниот систем

А1он

МОН: Градиме систем кој ќе обезбеди континуитет во вложувањето во науката

Ана Ололовска