Денеска бев сведок а и учесник во една од многуте лажги на оваа (НЕ) власт, но овој пат во главна улога со ИВО, забраам му името,…….. оној де на министерството за информатика или така се викаше, је.ем ли га…… не него , ни случајно…… туку нвното еба.о ЌЕ во целата нивна економска програма. ЌЕ,ЌЕ,ЌЕ!
Но никако да видиме нешто реално, нешто опипливо што ќе ни донесе некој оптимизам и мек ветер во грбот. Имено, после неколку години злоупотребувајки го мојот статус на јавна личност ( и проститутките се јавни) си возев кола без дозвола без око да ми трепне. Но, еве го летото и бидејки, се надевам , нема да го поминам сам почувствував потреба да извадам возачка. И така тргнав во таа авантура прво од Прилеп, каде времено престојувам. Отидов , прашав и добив одговор дека сето тоа морам да го направам таму каде што сум жител и плус, ако не сум можел како документ за идентификација да не користам пасош туку лична карта.
Но бидејки сум бескуќник не можам да извадам лична карта, едноставно немам адреса, што ќе рече дека сум принуден да лажам и да се пријавувам и понатаму на старата адреса. Тие тоа свесно го бараат од мене. Во ред, им реков, та нели Прилеп и Скопје се во една држава во која што има ЕДНОШАЛТЕРСКИ систем!
Што ќе рече може и пари да ми земат, и да ме сликаат и по електронска пошта сето то да го испратат во Скопје. Арно ама добив одговор ТОГАШ КОГА ЌЕ ПРОРАБОТИ ТОЈ ЕДНОШАЛТЕРСКИ. И така ете ме во Скопје, во МРТВ, каде врие по шалтерите (та нели сме ЕДНОШАЛТЕРСКИ). Можеби 6,7 пати ме враќаа ЕДНОШАЛТЕРСКИТЕ се заради некој документ, некоја уплата која ЕДНОШАЛТЕРСКИ ми недостасуваше. Клими двојки дуваа , ама бадијала. Се капев во пот, бев невозен, 4 саати без цигара и тоа се заради едношалтерскиот ЌЕ систем. И на крајот како заврши едношалтерското ЌЕ.
Пак проработи јавната личност и без да сакам и без ЌЕ добив и возачка и лична.
А БЕ ИВО, ЗАБРААМ ТИ ПРЕЗИМЕТО, кога ЌЕ проработи тој твој ЕДНОШАЛТЕРСКИ за кој толку многу не убедуваше дека ЌЕ профункцинира?
Марин Бабиќ