Ивановски уште еднаш го повика ЗНМ на разговори за законот за медиуми

Од:

Јавната расправа за Нацрт-законот за медиуми и аудиовизуелни услуги ќе продолжи се додека има конкретни, издржани препораки и критики, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, кој уште еднаш го повика Здружението на новинари на разговори за текстот.

– Имавме голем број состаноци со уредници, со Македонската асоцијација на новинари, упативме неколку пораки до Здружението на новинари на Македонија, но се уште не сме добиле ниту предлози од нив, ниту биле прифатени нашите пораки. Би сакал да апелирам уште еднаш, на формален или неформален начин доколку има интерес од нивна страна да дојдат и да дискутираат или, пак, да ги достават нивните предлози до нас во однос на законот за медиуми, изјави Ивановски на прес-конференција одговарајќи на новинарски прашања.

Јавната расправа за Нацрт-текстот, според него, ќе продолжи се додека има конкретни, издржани, препораки и критики, и ние ќе продолжиме да дискутираме со сите засегнати страни. – И на почетокот рековме дека сме расположени да ја продолжиме јавната расправа за два месеци, додаде Ивановски.

Иван Мирчевски, од Групација на национални радиодифузери рече на средба со претставници на МИОА ги изнеле нивните забелешки за законот. Дел од нив се однесуваат на процентот на домашно продукција во првите години наспроти оној предвиден за јавниот сервис и во делот на слободата и првата на медиумите.

– Мислиме дека менаџерскиот тим не е заштитен воопшто во овие медиуми, имаме и друга дузина забелешки, рече Мирчевски.

Јавната расправа за Нацрт-законот за медиуми започна пред 40 дена.

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

ЗНМ: Новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода, а МВР да ја информира јавноста за причините за неговото приведување

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

ЗНМ: Oсуда за нападот кон колегата Фуркан Салиу од страна на извршителката Весна Јакимовска

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов