А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Ивановски: Модернизирана управна постапка

by А1он03/09/2014 - 12:0403/09/2014 - 12:05128
Share0

Надминување на проблемот со губење документи на граѓаните од страна на институциите треба да овозможи задолжителната електронска комуникација помеѓу институциите при одлучување по предметите, новина предвидена со нацрт-законот за општа управна постапка.

Добивај вести на вибер

Новиот закон, што  Министерството за информатичко општетсво и администрација го подготвува две години, треба да го модернизира системот на управна постапка, да ја подобри нивната транспарентност,  да ја зголеми довербата на граѓаните во јавната администрација.

– Ќе се обезбедат што е можно поефикасни, поедноставни  и побрзи управни постапки, со намалени административни трошоци за државниот Буџет и за деловниот сектор, рече денеска на прес-конференција министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.

Според него, кога се испраќа предмет од еден до друг орган  задолжително треба да биде во електронски формат,  преку електронска пошта или скениран на ЦД, УСБ…

– Тоа значи дека повеќе  нема да се испраќаат цели предмети од еден во друг орган, дека ќе нема загубени документи. Во секој момент  ќе може да се провери бидејќи има електронски  отпечаток, кои документи биле електронски испратени, дали недостасуваат, и доколку недостасуваат, да се утврди одговорност. Тоа е проблем  за  граѓаните кои до МИОА се жалат дека државни институции во повеќе наврати им бараат еден ист документ за предметот, што е дополнителен трошок за нив, укажа министерот Ивановски.

Секоја институција, информира, ќе мора да воведе електронска  пошта за барања од граѓаните. Ако граѓанинот побара, институцијата задолжително ќе одговори по електронски пат. Доколку се работи  за дополнување на предмет или барање за коешто е потребен идентитет, тогаш тоа ќе може да се направи со користење на електронски потпис.

Крупна измена се предлага и кај жалбената постапка. Во сегашниот систем граѓанинот се жали на одлука од првостепен орган повторно до првостепен орган, кој потоа жалбата ја испраќа до второстепен. Потоа второстепениот орган  го бара предметот за да може да одлучува. Сега, укажа Ивановски, се прави измена, односно во случај  првистепениот орган да одговори негативно, тогаш жалбата ќе оди директно до второстепениот орган. Со тоа се кратат роковите, ќе се забрза постапката и ќе се намалат трошоците. Второстепениот орган  е должен по службена должност да ги побара документите од првостепениот, рече Ивановски.

Дополнително, додаде, се прави голема измена со тоа што  доколку еден ист предмет се враќа кај второстепен, кој претходно одлучувал и го вратил, сега ќе мора задолжително да  донесе одлука. Тоа значи дека ќе нема бесконечни лавиринти  за некои предмети што се случува сега од еден до друг орган и постојано да се враќа предметот, а да трпат граѓаните.

Новиот закон, најави Ивановски, ќе обезбеди и  правна заштита кога испораката на јавни услуги, телекомуникации, снабдување со струја, вода… ги попречува правата на граѓаните или нивниот законски интерес. Ако граѓаните се незадоволни од испораката на услугата може да поднесат приговор до надзорните органи. По приговорот ќе биде обезбедена и управна судска заштита што во значителна мерка ќе ја зголеми заштитата на граѓаните, но и одговроноста на давателите на услугите, рече Ивановски.

Нацрт верзијата на законот е поставена на веб страницата  www.ener.gov.mk, a јавната расправа ќе се одржи на 11 овој месец

administracija

Би можело да ве интересира

Администрацијата ќе работи во служба на јавниот интерес, а не под нечиј диктат, вели министерот Минчев

Горан Наумовски17/07/2025 - 11:5517/07/2025 - 11:56

Три реформски закони поминаа во прво читање, додека Законот за инспекциски надзор е целосно усвоен во Собранието на Република Македонија

Предраг Петровиќ27/06/2025 - 15:55

Алијансата за Албанците: Во тек е процес на деалбанизација на јавната администрација во Македонија

Горан Наумовски04/06/2025 - 16:44

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on25/12/2023 - 12:57

Протест на вработените во судска администрација, поддршка добија од претседателот на Судскиот совет

Предраг Петровиќ19/09/2023 - 16:1019/09/2023 - 16:43

Државната администрација брои 129.374 вработени, во Владата и министерствата работат 14.500 лица

A1on26/04/2023 - 12:4226/04/2023 - 15:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен