Ивановски: Иванов уште денеска треба да му го предаде мандатот на СДСМ

Од:

Доколку Претседателот Иванов се држи до Уставот, мандатот треба да го довери на втората партија која освоила најмногу гласови, а тоа е СДСМ, при што претходно треба да направи консултација да се види дали партијата има обезбедено мнозинство во Собранието односно дали има 61 пратеник за да се избере Влада. Ако има такво сознание, во разговор со ДУИ и другите преставници од албанскиот блок, треба самите да се јават и на некој начин да го ограничат Иванов да мора да им го довери мандатот, вели за А1он Уставниот судија, Трендафил Ивановски.

Тој смета дека доделување на мандатот е обврска и должност на Иванов и дека сето ова беспотребно одолговлекување и чекање до крајните рокови претставува малтретирање на народот.

– Уште денес Груевски треба да го врати мандатот и веднаш потоа Иванов да го додели на СДСМ, тие со намера одолговлекуваат, но од гарнитура која го руши Уставот и државата може се да се очекува, вели Ивановски.

Поранешниот уставен судија предвидува ново сценарио од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е да го доверат мандатот на некој од истата партија што би значело кршење на Уставот и подигрување со народот како и обид со сила да ја задржат власта и да го правдаат криминалот кој го направиле.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски