Иванов: 20 години АРМ-патриотизам, постојаност и професионалност

Од:

„Како претседател и како Врховен командант на вооружените сили, ве уверувам дека АРМ, била, е и ќе остане да биде гарант на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија. Нејзината професионалност, пак, останува клучен двигател на патот на Република Македонија кон членството во Северноатлантското семејство на народи, што е наша стратешка цел, рече претседателот на Република Македонија, и Врховен командант на вооружените сили,  Ѓорге Иванов,  во обраќањето на Свечената академија по повод 20-годишниот јубилеј од формирањето на АРМ.

„Нашите стратешки цели остануваат непроменливи и јасно утврдени со општиот консензус. Македонското мултиетничко, мултијазично и мултирелигиско општество е природно упатено кон европските и евроатлантските интеграции. Затоа, остануваме посветени на преземените обврски со нашите партнери од НАТО во согласност со нашите национални и државни интереси, рече шефот на државата“, рече Иванов.

Претседателот  Иванов  ги одликува со Орден за воени заслуги генералот во пензија Митре Арсовски, Полкот за специјални операции на АРМ, Националната гарда на Вермонт и Турската воена академија.

Иванов соопшти дека донел одлука и на сите припадници на АРМ кои во изминатите 20 години ги дале животите при извршувањето на воените обврски и учеството во мировните мисии, постумно да ги одликува со Медал за храброст.

На свечената академија присуствуваа, началникот на ГШ на АРМ, генерал мајор Горанчо Котески,   министерот за одбрана Фатмир Бесими, поранешни министри за одбрана и началници на ГШ на АРМ, амбасадори, воени аташеа и делегации од Вооружените сили на Република Турција и Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт.

 

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Жените беа мојата инспирација, нема да се однесуваме ние како мажите низ историјата

Орце Костов

(ВИДЕО) Пендаровски: Мицкоски и Силјановска пред странските дипломати велат дека ќе го сменат Уставот, а народот го лажат дека нема да прават промени

Орце Костов

Јакимовски: На Македонија ѝ требаат над 50 милиони евра за младите да останат дома

А1он

СДСМ: Глас за Пендаровски е глас за сигурна европска иднина

А1он

Пендаровски прв на гласачкото ливче, ДИК ја одреди ждрепката за првиот круг

Орце Костов

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он