„За политичкото и физичкото насилство од 27 април одговорност мора да има, кој постапил спрптивно од законот мора за одговара. Ја поддржувам иницијативата за заедничка Македонија.
Граѓаните кои што повеќе од два и пол месеци на мирен начин ја изразуваа грижата за Македонија, не се и не можат да бидат третирани како терористичка организација. Загрижен сум за политичкиот реваншизам на повеќе нивоа. Со ова се внесува страв.
Со реваншизам и демонстрација на сила се генерализира поларизација на општеството. Состојба во која не можеме да очекуваме напредок. Повикувам на разумно и одговорно однесување на сите институции кои мораат да ги почитуваат Законот и уставот.
Секој е одговорен за своите постапки. Граѓаните очекуваат решение, а не проблеми.
Нема ништо потрагично и поопасно од меѓумакедонскот судир. Секогаш кога сме биле поделени други не окупирале“, изјави претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.