Иванов за ХТВ: Заканите за македонското опстојување се стари приказни за заплашување

Од:

Сите албански политичари кои поаѓаат од интересите на Република Македонија се конструктивни соговорници. За се има решение ако се разговара, ако има дијалог. Ако вие немате дијалог, како ќе дојдете до решение. За се треба да се разговара, па и за сите прашања што тие сега ги отвораат со платформата, но да се знаат кои се интересите на државата, вели македонскиот претседател Ѓорге Иванов во интервјуто за хрватската национална телевизија ХТВ, на прашањето кој е конструктивен партнер од албанскиот блок со кој може да се разговара за излез од политичката криза.

– Никој не посакува војна или пак конфликт. Затоа што нема семејство во Македонија кое не страдало од двете балкански војни, светските војни, студената војна, конфликтот во 2001 година. Затоа и протестите што сега се случуваат се толку мирни и достоинствени, што никој не спомнува каква било состојба на конфликт, додава Иванов.

На прашањето како ги коментира одредени написи за редефинирање на Балканот по пат на вооружен конфликт, како и заканите по опстојувањето на македонската држава, претседателот Иванов оценува дека таквите географски мапи се проекција на желби, а не на реалност.

– Ништо ново од тоа. Во кризни моменти, пак се враќаат старите приказни, стари мапи и стари карти за да ве заплашуваат. Македонија опстојувала и кога немала своја држава. Сега кога имаме своја држава настојуваме да си ја сочуваме. Затоа, грижата за државата и државниот интерес се приоритет при секоја одлука која се носи од моја страна, изјави претседателот Иванов во интервјуто за хрватската национална телевизија ХТВ.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски