Иванов-Вокер: Грција да направи конструктивен исчекор

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во Охрид се сретна со Курт Вокер, извршен директор на Мекејн Институтот за меѓународно лидерство, поранешен амбасадор на САД во НАТО и поранешен заменик-помошник државен секретар на САД.

На средбата бил потврден континуираниот развој на билатералните односи и стратешкото партнерство меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави.

„Блокадата на патот кон реализација на стратешките цели е неодржлива и потребно е Грција да се поттикне да направи конструктивен исчекор, заклучија соговорниците. Г-динот Вокер, кој важи за посветен поддржувач на напорите на РМ за полноправно членство во НАТО, посочи дека по одлуката на Меѓународниот суд на правдата, не постои ниту една причина зошто САД, Европа и НАТО да не вложат сериозни заложби Македонија да биде примена во Алијансата врз основа на таа одлука“, стои во соопштението од кабинетот на претседателот.

Би можело да ве интересира

Партијата на Мерц ќе ја поддржи поранешната министерка Илзе Ајгнер за претседател на Германија

А1он

Перуанската претседателка Болуарте е разрешена, Хозе Хери станува привремен претседател

Вучиќ: Нема повторно да се кандидирам за претседател

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан

А1он

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on